Велосипедизам
Организаторите на трката во Полска објавија промена во здравствената состојба на Јакобсен

Организаторите на велосипедската трка околу Полска денеска излегоа со официјални информации за состојбата на Фабио Јакобсен.
Холандскиот велосипедист заработи потешки повреди откако беше истуркан од свој сонародник на целта на една од етапите на трката, а лекарите денеска потврдиле дека по два дена се разбудил од кома.
– Пациентот е свесен, ги следи инструкциите и е исклучен од респиратор. Задоволни сме од неговата денешна состојба, може да ја напушти болницата по две недели, – велат лекарите и организаторите.
Додека Јакобсен успешно се опоравува, виновникот за неговиот пад, Диего Гронвеген стана „персона нон грата“ меѓу љубителите на велосипедизмот и спортот, а можно е да заработи и одредена санкција.
Еден од познатите коментатори на телевизијата „Јуроспорт“, Берни Ајсел, префрли вина и кај организаторите поради конфигурацијата на целта на етапата, која не само што е спринт, туку е и надолнина. Ајсел вели дека се добива непотребно голема и опасна брзина, која овој пат можеше да биде кобна за Јакобсен, а организаторите досега не прифаќале да ја променат иако им бил сугерирано за проблемот.

- Лига на шампионипред 23 часа
Зидан искрен по победата над Аталанта: Не бевме најдобри иако имавме играч повеќе
- Лига на шампионипред 14 часа
Зидан откри интересна анегдота за стрелецот на голот и нагласи: Ова беше воиграна акција од тренинзите! (Видео)
- Лига на шампионипред 15 часа
Бесниот Гасперини со предлог до УЕФА какви судии да делегира во иднина: Ова е самоубиство на фудбалот!
- Италијапред 10 часа
Даглас Коста незадоволен од престојот во Баерн Минхен, најави каде би можел да продолжи
- Лига на шампионипред 13 часа
Иличиќ бесен откако беше изваден по само 30 минути игра, Гасперини веднаш му возврати
- Англијапред 11 часа
Европските гиганти се „испотепаа“ за фудбалер од втората англиска лига: Бекот на Норвич прави супер трансфер
- Италијапред 11 часа
Интер потврди пет случаи позитивни на Ковид-19
- Англијапред 14 часа
Шок за голманот на Ливерпул: Таткото на Алисон се удавил пливајќи во езеро во Бразил