Поврзете се со нас

Македонија

Официјално: Суперлигата го менува форматот, новата сезона ќе брои 14 тима

Објавено

на

Главната цел на денешниот состанокт на одговорните луѓе во македонскиот ракомет беше промената на форматот за наредната натпреварувачка сезона, која ќе биде видно изменета поради проблемите кои ги направи глобалната криза со коронавирусот.

Откако беше прекината актуелната сезона, беше јасно дека новата ќе мора да се планира под посебни услови, па ова попладне за тоа се гласаше во просториите на ракометната Федерација.

Наредната 2020/21 сезона ќе брои 14 тимови во првата Суперлига, со тоа што Вардар и Еурофарм Работник дополнително ќе се приклучат во плејофот, откако добија дозвола без проблем да ги извршуваат задачите во СЕХА лигата.

Проширувањето на Суперлигата се должи на тоа што во елитното друштво се приклучуваат екипите кои беа водечки во Првите лиги, но и на тоа што нема тимови кои испаѓаат. Бројот од 14 тимови ќе важи само за наредната сезона, а за таа што следи (2021/22), форматот ќе се врати во нормала и Суперлигата ќе брои 10 тимови.

Новото и привремено натпреварување ќе биде поделено во две групи од по седум тима, а најдобрите три од секоја група ќе се пласира во плејофот, во кој ќе се приклучат и Вардар и Еурофарм.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни