Поврзете се со нас

АТП

Официјално: Ѓоковиќ го пропушта и Синсинати

Објавено

на

АТП Мастерсот во Монтреал е во тек и во недела ќе го дознаеме новиот победник во Канада, но во меѓувреме, тениските фанови во Америка полека се подготвуваат за нивната турнеја која ќе започне со Синсинати, а потоа ќе продолжи со Ју-Ес Опен.

Новак Ѓоковиќ не доби дозвола да настапува во Канада поради правилата за вакцинација на странски државјани, а денеска пристигна официјална потврда дека нема да игра и на Синсинати.

Овој Мастерс турнир традиционално е завршна подготовка за тенискиот грен слем во Њујорк, а иако Ноле чекаше зелено светло, сепак не го добива.

Ако се суди според овој потег на Американците, Србинот се уште има мали шанси да настапи на последниот грен слем турнир во годината, бидејќи до почетокот на истиот остануваат само 17 дена.

Ноле веќе најави дека нема да прави иста грешка како во Австралија, односно воопшто нема да отпатува за Америка доколку не добие сигурна потврда дека ќе биде дел од ждребот на Ју-Ес Опен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни