Поврзете се со нас

Репрезентација

Одреден е новиот датум за дуелот меѓу Македонија и Косово

Објавено

на

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) денеска донесе многу одлуки меѓу кои и оние за бараж, плејоф пресметките во Лигата на нации кои водат на Европското првенство.

Маѓу овие селекции е и Македонија која за противник во полуфиналето го има составот на Косово, меч кој според новиот одреден термин ќе се одигра на 8 октомври. Ако успешно ја минеме оваа пречка тогаш наредниот месец или поточно на 12 ноември ќе играме против победникот од пресметката Грузија-Белорусија за место на ЕП кое како што е познато поради пандемијата со КОВИД-19 беше презакажано за 2021 година.

Воедно нашите фудбалери паралелно ќе играат со Грузија, Ерменија и Естонија во Лигата на нации.

Натпреварите од групната фаза на Лига на Нации 2020/2021 ќе бидат одиграни на следните датуми: 3/4/5 и 6/7/8 септември; 10/11 и 13/14 октомври; 14/15 и 17/18 ноември 2020.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни