Поврзете се со нас

Одбојка

Одбојкарите загубија од Словачка и останаа без трофејот на „Чајка“

Објавено

на

Одбојкарската репрезентација на Македонија не успеа да триумфира на 45. издание на традиционалниот меморијален турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“.

Нашиот национален тим имаше можност со победа над Словачка да триумфира на турнирот што се играше во спортскиот центар „Борис Трајковски“, меѓутоа популарните „спартанци“ покажаа слабости на вечерешниот меч и загубија со 3-1 во сетови.

Првиот сет им припадна на Словаците со 25-17, потоа ние возвративме со 25-21 за да во третиот и водството од 17-9 да не ни биде доволно за да го свртиме резултатот.

Имено противникот покажа карактер, упорност и успеа целосно да се врати и слави со 25-22. Водени од оваа енергија гостите продолжија и во четвртиот сет кој го реализираа со 25-22 за триумф во Скопје.

Ова за македонската репрезентација беше последна проверка пред настапот на Европското првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни