Поврзете се со нас

АТП

Од фудбалски до тениски маестро: Модриќ со два збора и еден симбол го опиша Федерер (Фото)

Објавено

на

Лука Модриќ е фудбалски маестро и многумина го нарекуваат магионичар со фудбалската топка, а како ѕвезда со таков епитет, познат е и по тоа што ужива во гледањето тенис.

Хрватот во повеќе наврати има откриено дека чувствува посебни емоции кон Рожер Федерер кога е тенисот во прашање, па така Лука не остана рамнодушен на веста број еден во спортската сфера денеска.

Швајцарскиот генијалец од Базел објави дека заминува во пензија и дека следната седмица ќе го одигра својот последен турнир на Лејвер Купот, па во низата на пораки на социјалните мрежи, се истакнува и онаа од Хрватот.

Пред неполн час, Модриќ на доста оригинален начин го опиша еден од најдобрите играчи на сите времиња, користејќи два збора и еден симбол.

– Рожер Федерер, – напиша Модриќ со шешир како емотикон, симболизирајќи ги магиите кои ги изведуваше швајцарскиот виртуоз со тенискиот рекет.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни