Поврзете се со нас

АБА лига

Обрадовиќ остана без зборови по шокантниот пораз на Партизан: Ова е вистински срам

Објавено

на

Foto:twitter.com/PartizanBC

Денешните натпревари во регионалната АБА лига донесоа две големи изненадувања, бидејќи Црвена Звезда беше надиграна од Будуќност во Подгорица, а Партизан се посрамоти на домашен терен против Сплит.

Звезда имаше право на кикс по големиот дерби триумф над Партизан и тоа можеше да се види од пристапот на гостувањето кое го загубија со 84:62, но далеку подраматичен беше поразот кој го претрпеа „црно-белите“.

Партизан беше шокиран на домашен терен и со вториот пораз во низа падна на третото место во регионалното натпреварување, а поразот од 67:74 посебно го налути Жељко Обрадовиќ кој им се извинил на навивачите при давањето кратка изјава на пресот.

– Сплит апсолутно заслужи да оствари победа. Треба да им се извиниме на сите луѓе кои дојдоа во салата и на оние кои на било каков начин го гледаа натпреварот.

– Кога тимот изгледа волку лошо, тренерот треба да се запраша што треба да се направи и секако да преземе одговорност. Знаевме дека зад нас и пред нас се тешки натпревари, па помислив дека е време да се одморат Пантер, Доужер и Трифуновиќ. Уште еднаш извинување до сите навивачите на Партизан, ова беше голем срам, – кратко порачал Обрадовиќ, по што го напуштил пресот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни