Поврзете се со нас

Англија

Обамејанг за најдобриот соиграч во кариерата: Вистина е дека беше дебел, но……..

Објавено

на

Челси освои само еден бод во првите две рунди во Лигата на шампионите, па јасно е дека по секоја цена ќе мора да оди на победа во дерби пресметката со Милан која се игра во среда.

Овој натпревар ќе биде специјален за новиот напаѓач во тимот од Лондон, бидејќи Пјер Емерик Обамејанг имаше своја авантура на „Сан Сиро“ како млад фудбалер, пред да стане познат на јавноста со настапите во Сент Етјен и Борусија.

Габонецот немаше некоја значајна улога во Милан, но затоа вели дека вечно ќе го памети она што Карло Анчелоти му го порачал на „феноменот“ Роналдо пред негови очи.

– Никогаш нема да заборавам за моментот кога Карло Анчелоти беше нервозен за фитнесот на Роналдо. Овој му возврати и го запраша: Што сакаш од мене, да трчам или да давам голови? Карло побара од него да дава голови, а следниот меч Роналдо постигна два.

– Тоа е она што ви треба како напаѓач, ви треба таков карактер и таков менталитет. Во тоа време, Милан имаше многу силен тим. Роналдо, Малдини, Неста, а јас бев многу млад и затоа отидов на позајмица во Франција. Во тој период, вистина е дека Роналдо беше веќе дебел, но се уште беше најдобриот, – вели Обамејанг кој на „Феноменот“ гледа како најдобар соиграч во кариерата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни