Поврзете се со нас

НБА

Нуркиќ го искористи напнатиот преоден рок за да ги насмее НБА колегите

Објавено

на

Предвидениот рок за размени на кошаркари во НБА лигата веќе заврши, а покрај неколку интересни потези на клубовите, го издвојуваме твитот на Јусуф Нуркиќ.

Кошаркарот од Босна и Херцеговина ги насмеа своите колеги од НБА, објавувајќи твит кој на прв поглед можеше да наведе на помисла дека и Нуркиќ ја менува екипата.

Сепак, центарот само објави дека ќе се врати по повредата и тоа на дуелот меѓу Портланд и Орландо.

– Центарот на Портланд, Јусуф Нуркиќ, се враќа во поставата во петок против Орландо. Се рехабилитираше од фрактурата на десниот зглоб, изворите му откриваат на Јусуф Нуркиќ, – напиша членот на Портланд, кој намерно го напишал твитот да наликува на објавите на Адријан Војнаровски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни