Англија
Нуњез ги откри советите на Клоп и призна: Не играм добро!!!

Дарвин Нуњез блескаше во редовите на Бенфика и како таков играч се избори за трансфер во премиерлигашот Ливерпул каде се соочува со доста проблеми во првата своја сезона.
Уругваецот има проблеми да се наметне, да фати голгетерски ритам, да ги користи шансите, топките кои ги добива од соиграчите што секако влијае врз неговата самодоверба затоа што за секој напаѓач головите се најважни. Меѓутоа и самиот Дарвин е свесен дека не е на нивото на кое посакува да биде, па со советите кои ги добива од тренерот Јирген Клоп се надева дека ќе ја врати формата од претходниот клуб.
-Мислам дека сака да го види тоа што го виде во Бенфика. На пример, во натпреварите што ги играв против Ливерпул [минатата година во Лигата на шампионите], кога играв многу добро Не играм добро во моментот, но секогаш сакам да се подобувам. Се обидувам да се подобрувам секој ден. Клоп знае дека мојата сила е мојата брзина, трчајќи во празно. Исто така ми вели дека треба да бидам смирен кога играм и дека треба повеќе да се движам.
-Ми кажува дека тоа ми е потребно, дека сум играч со многу квалитет. Значи, тоа е повеќе или помалку она што тој го сака од мене – и се разбира да постигнувам голови. Исто ми кажа дека морам да бидам мирен во натпреварите кога се работи за завршницата. Сака да размислам една секунда подолго затоа што ако шутирам со лутина или избрзам, секогаш лошо завршува. Побара да земам дополнителна секунда, да останам смирен и ќе постигнам гол.
-Ова е случај на прилагодување. Адаптирањето е важно – и не само овде во клубот. Работите треба да бидат добри од фудбалската страна, но и со вашето семејство, затоа што ако вашето семејство е добро, тогаш секогаш ќе бидете во ред. Јас и моето семејство сме добри, -порача Дарвин за „Скај Спортс“.
-
Европски првенствапред 21 час
Шкотска ја урна Шпанија, Хрватска ја освои Бурса (ВИДЕО)
-
Евролигапред 22 часа
Фантастична атмосфера во Белград: Навивачите на Партизан поставија нов рекорд во Евролига (ФОТО)
-
Германијапред 10 часа
Мане бил детонатор на отказот кој го заработи Нагелсман
-
Италијапред 9 часа
Наполи има јасен план: Титула во Серија А, па средба со Елмас
-
Шпанијапред 9 часа
Таткото на разочараната ѕвезда на Барса: Чави си има свои причини, но јас сум бесен како родител
-
Англијапред 12 часа
Клучниот играч на Тотенхем му се извини на Конте: Си замина поради мене…..
-
Италијапред 22 часа
Икарди сака да се врати во Италија, два големи клуба пројавуваат интерес за него
-
Светпред 11 часа
Лаутаро се посрамоти со нереално промашување пред празен гол, Меси постигна хет-трик во едно полувреме (Видео)