Поврзете се со нас

Македонија

Ново име во Аеродром: МЗТ Скопје го официјализираше наследникот на Расел (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на МЗТ Скопје пред некое време се раздели со Седрик Расел и уште тогаш беше најавено дека ќе биде донесена соодветна замена, поквалитетно решение на таа позиција.

МЗТ се раздели со Американецот кој не ги оправда очекувањата (Фото)

Клубот од Аеродром денеска ја информираше јавноста дека потрагата е завршена и дека замена за Расел ќе биде нов Американец, а неговото име е Џон Гилон.

foto:mztskopjeaerodrom.mk/

Се работи за искусен играч кој има 29 години и кој може да гии покрие двете бековски позиции. Последниот ангажман го имал во Пиено од Литванија, а во кариерата има играно и во Унгарија, Тајван, Германија и Турција.

Во периодот помеѓу 2017 и 2019 година бил дел од три екипи од развојната Џи лига, а универзитетската кариера ја минал на три колеџи и тоа настапувајќи за Литл Рок, Колорадо стејт и за Сиракјуз.

Гилон ќе пристигне во Скопје во текот на оваа недела, а дебито се очекува да го има против Феникс на 3 март.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни