Македонија
Новите корона-мерки донесоа проблем: ФФМ го одложи цело фудбалско коло

Откако Владата ги усвои новите предлог мерки од Комисијата за заразни болести по повод одржувањето на спортски активности во нашата земја, денеска со одговор излегоа од натпреварувачката комисија во Фудбалската Федерација на Македонија.
ФФМ ова попладне излезе со официјално соопштение по повод новонастанатата ситуација, информирајќи дека колото кое требаше да се одигра овој викенд, е презакажано за наредниот, со тоа што во меѓувреме ќе треба да се изнајде решение со одговорните луѓе.
Според новите протоколи, секој клуб е задолжен да ги тестира фудбалерите на своја сметка прес секој одигран меч, па очигледно тоа претставува преголем трошок за одреден дел од клубовите, кои по се изгледа ќе бараат бесплатни тестирања од страна на здравствените власти.
– Комисија за натпреварување во рамки на Фудбалската федерација на Македонија информира дека поради измени на Протоколот за спроведување мерки за заштита од „Ковид 19“ и стапување на сила на Општиот Протокол за организирање на натпревари, натпреварите од 11. коло на Прва МФЛ и 10. коло на Втора МФЛ – Исток и Запад кои требаше да се одиграат на 31.10.2020. (сабота) и 01.11.2020. (недела), се одложуваат и истите се пренасочуваат за одигрување на 07.11.2020. (сабота) – 11. коло од Прва МФЛ и 10. коло, Втора МФЛ – Исток и Запад на 08.11.2020 (недела)“, објави ФФМ.
-
Шпанијапред 17 часа
Огромна промена: Реал Мадрид го замени главниот спонзор со уште поголем гигант
-
Италијапред 22 часа
Игуаин за проблемот во Италија: Јувентус ангажираше фотограф за мојата тежина
-
Англијапред 18 часа
Кепа го избра најдобриот светски голман и испофали еден досегашен соиграч: Реал доби огромно засилување
-
Францијапред 22 часа
ПСЖ го активира планот Б откако остана без примарната трансфер цел
-
Англијапред 9 часа
Синклер: Постојат три причини за заминувањето на Мане од Ливерпул, главната е Клоп
-
Светпред 23 часа
„АС“: Роналдо се премислил и сака да си оди од Јунајтед, се отвора можност за сензационален трансфер
-
Италијапред 17 часа
Канаваро со бомбастичен трансфер предлог до Наполи: Ако бев на местото на Де Лаурентис……
-
Шпанијапред 16 часа
Барселона не го заборави Меси и го поздрави со едно специјално ремек-дело (Видео)