Поврзете се со нас

Свет

Новиот италијански дрес крие специјална порака за незаборавниот Вијали (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Azzurri

Стадионот „Диего Армандо Марадона“ вечерва ќе биде домаќин на големото европско дерби меѓу Италија и Англија, што воедно е реприза на финалето кое го гледавме на „Вембли“.

Квалификациите за Европското првенство ќе бидат отворени со пресметка меѓу двете селекции кои играат на последното финале на континенталниот турнир, а Италија како домаќин сигурно ќе посакува да оствари нов позитивен резултат против Англичаните.

Момците на Роберто Манчини сигурно ќе сакаат да се докажат по шокот кој го доживеаја со неиграњето на Светското првенство, но ќе имаат мотив за триумф и поради пораката која ќе им ја пишува на дресовите.

Италијанците денеска ќе ги промовираат новите дресови кои им ги изработи „Адидас“, а на кој е напишана порака и за легендарниот Вијали кој за жал почина на почетокот на оваа година.

– Лука, засекогаш Аѕуро…….

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни