Поврзете се со нас

Англија

Нов удар за Солскјер и неговите трансфер желби: Играчот кој се поврзуваше со Манчестер Јунајтед потпиша долгорочен договор со својот тим

Објавено

на

Манчестер Јунајтед претрпува големи порази во овој летен преоден рок откако полека но сигурно ги губи сите трансфер мети кои беа зацртани пред почетокот на новата сезона.

Откако стана јасно дека Џејмс Медисон дефинитивно нема да го засили Манчестер Јунајтед, во јавноста се појавија шпекулации дека ни Џејдон Санчо нема да премине на „Олд Трафорд“.

Дека Санчо ќе остане во Борусија Дортмунд, потврди и спортскиот директор на клубот, Себастијан Кел.

Предмалку стигна нов „трансфер удар“ за Солскјер. Фудбалерот на Астон Вила, Џек Грилиш и официјално стави договор на нов петгодишен договор со клубот од Бирмингем.

Со овој потег стана јасно дека ниту Грилиш нема да го облече дресот на Манчестер Јунајтед оваа сезона, па „ѓаволите“ остануваат со многу мал избор на офанзивни играчи на трансфер пазарот кои беа по мерка на Солскјер.

– Пресреќен сум што можам да се посветам на Астон Вила. Ова е мојот клуб, мојот дом и многу сум среќен овде. Сопствениците ми дадоа до знаење колку се амбициозни и што сакаат да направат од Астон Вила. Пред нас претстојат возбудливи времиња, а мене ми е мило што ќе сум дел од нив, -изјави Грилиш.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни