Поврзете се со нас

Македонија

Нов предизвик за стратегот: Рајковиќ ќе го води руски Автодор!

Објавено

на

Поранешниот тренер на Работнички и МЗТ Скопје, Емил Рајковиќ пронајде нов ангажман и во иднина ќе го води составот на Автодор од Саратов.

Еден од најдобрите македонски стратези одлучи да му каже „ДА“ на тимот кој четирипати бил вицешампион на Русија.

Рајковиќ во новата средина доаѓа од Астана со која бележеше извонредни резултати во минатите три сезони каде му помогна на клубот да доминира во Казахстан, а пак во 2019 беше и прогласен за тренер на годината во ВТБ лигата.

-Задоволни сме што потпишавме договор со млад, но во исто време искусен специјалист кој работеше во ВТБ лигата во последните три години. Рајковиќ доби признание за тренер на годината во Полска и во нашиот шампионат.  Емил живее на кошарка 24 часа на ден, а неговиот учинок зборува за тоа, -истакна претседателот на Автодор, Владимир Родионов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни