Поврзете се со нас

АТП

Нори стана прв Британец кој победил на Индијан Велс

Објавено

на

Камерон Нори победи во неочекуваното финале на Индијан Велс, во кое противник му беше Николос Басилашвили и стана прв британски тенисер кој го освоил овој тениски Мастерс.

Басилашвили подобро го започна мечот и поведе со 1:0 по првиот сет кој го доби со резултат 6:3, имаше и брејк предност во вториот сет, но следуваше одговорот на Нори.

Британецот се разбуди, го доби вториот сет со 6:4, а потоа и третиот со убедливи 6:1 за најголемиот успех во својата кариера.

Победата на Индијан Велс значи и дека Нори влегува во Топ 20 на АТП ранкингот, како и статусот на најдобар британски тенисер во моментов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни