Поврзете се со нас

Англија

Њукасл посакува играч на Ливерпул, клубот од „Енфилд“ одбива да го пушти

Објавено

на

Од таборот на Њукасл го посочиле напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги како одлично решение за офанзивата која ќе добие изменет лик уште во јануари.

Клубот од „Сент Џејмс Парк“ ќе мора да се засили на некоклу позиции доколку сака да опстане во Премиер лигата, а тоа нема да им биде проблем затоа што сега распоалгаат со големи финансиски средства откако клубот беше откупен од богат саудиски конзорциум.

Дивок Ориги е во Ливерпул уште од 2015 година, но никогаш не се наметна како решение за постојан настап во првиот тим, иако честопати знаел да прикажува одлични партии.

Клоп го сметал офанзивецот како важен дел од тимот и лично тој одбивал да се согласи да го пушти во Њукасл на шестмесечна позајмица.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни