Поврзете се со нас

Репрезентација

Николовски: Тука сум да помогнам, посакувам барем една победа против Шпанија и Украина

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентатција почна да се подготвува за двата предизвици кои следуваат во наредниов период, пресметките против Шпанија и Украина од квалификациите за Светското првенство.

Ова се дуели закажани на 26 и 29 ноември, дуели во Скопје и Киев за кои селекторот Драган Бајиќ ќе го има на располагање Кире Николовски. Николовски по пауза од неколку години е повторно во комбинација за настап и сака да помогне да се остварат добри резултати.

Кире добро ги познава дел од соиграчите и порачува дека нема да има проблем да се спои, прилагоди на средината.

-Па не, иако излегува дека сум меѓу оние најискусните во ростерот. Секако дека добро се познаваме, овен тоа имаме големи мотиви. Но ќе повторам за мене е најважно да дадеме се од себе. Лично, би сакал добрата форма од натпреварите во домашниот шампионат да ја пренесам на теренот во овие два натпревари. Да помогнам колку што можам. Искрено, не би имал ништо против да имаме една победа во овие два натпревари кои се пред нас-истакна Кире говореше за првата средба  против Шпанија.

-Свесни сме за тоа, огромен предизвик за сите нас кои се собравме тука, е да се обидеме да дадеме максимум од своите можности. До каде ќе нè доведе тоа во еден ваков натпревар, ќе видиме. Имаме неколку дена за одработување.

-Што може да се очекува од овој меч? Реално, и искрено посакувам да се ‘потрошиме’, да одиме до крајот. Да видиме колку навистина сме подготвени да играме против, освен САД, веројатно и најдобрата европска репрезентација во овој момент. Освојувач на светското злато, без оглед на имињата во ростерот кој е најавен за нивното гостување во Скопје“, -рече членот на Кожув.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни