Поврзете се со нас

Балкан

Никој како Аријан: Адеми е број еден во историјата на Динамо Загреб (ФОТО)

Објавено

на

Тимот на Динамо Загреб минатиов викенд и математички со триумфот над Ријека ја потврди новата титула во домашниот фудбалски шампионат, титула број 22 за составот од „Максимир“.

Ова беше успех на кој се израдуваа нашите репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски со тоа што овој пехар е посебен за играчот од средината на теренот, капитенот на „модрите“. Имено Адеми стана првиот играч во историјата на клубот кој освоил десет титули во првенството.

Со ова големиот борец дојде до уште еден рекорд во Динамо, тим во кој е број еден и по настапите во фудбалска Европа (84).

Севкупно пак има одиграно 293 натпревари, постигнато 29 голови со 24 асистенции и рекордни 18 освеони пехари.

-Да ми го кажеше некој ова кога доаѓав во клубот, ќе му кажев дека е луд, дека не е нормален. Јас навистина се ежам кога ќе се потсетам или кога некој ќе ми каже дека сум најтрофејниот играч на Динамо, клубот во кој играа најголемите sвезди. Кога ќе го погледнам ѕидот со фотографии во ходникот во близина на соблекувалната и ќе ги видам сите овие легенди, а јас сум најтрофејниот, навистина се ежам, -вели македонскиот репрезентативец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни