Поврзете се со нас

Шпанија

Невообичаена ситуација: Куман и Пике барале од судијата да го поништи црвениот картон

Објавено

на

Барселона вчера славеше убедливо на пријателскиот натпревар со Химнастик, но тренерот Роналд Куман не бил задоволен поради фактот што голем дел од средбата неговиот тим играл со фудбалер повеќе.

Главниот судија решил да го исклучи Квинтанилја поради грубиот старт над Рики Пуч, а тој момент ги расипал плановите на Куман, кој сакал посериозна контролна средба за Барселона.

Тренерот на Химнастик им открил на медиумите дека Куман и Жерард Пике на полувремето барале од судијата да го поништи црвениот картон, односно да му дозволи на Химнастик да ја продолжи средбата со единаесет играчи на теренот.

– Куман и Пике го прашуваа судијата дали може да продолжиме единаесет на единаесет, но тој им одговори дека правилата не дозволуваат такво нешто. Куман подоцна ми кажа дека пробал, но не успеал да го убеди судијата, – изјавил Раул Ање, тренерот на Химнастик.

Дека членовите на Барселона биле во право покажува и фактот што оваа екипа ги постигна сите четири погодоци во второто полувреме.

„Проектил“ заокружен со хет-трик: Албанецот Манај блесна во дресот на Барселона (ВИДЕО)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни