Поврзете се со нас

Франција

„Проектил“ заокружен со хет-трик: Албанецот Манај блесна во дресот на Барселона (ВИДЕО)

Објавено

на

Тимот на Барселона оствари сигурна победа над Химнастик од 4-0 во првиот подготвителен меч како најава за новата сезона.

Иако Роналд Куман не можеше да смета на голем број на играчи тоа не беше проблем за фаворитот да ја оправда улогата на средбата која се одигра на „Јохан Кројф“. Куман им даде по едно полувреме на сите играчи, а оние кои играа во вторите 45 минути подобро ја искористија шансата особено тоа важи за напаѓачот Реј Манај.

Албанецот успеа трипати да се запише во листата на стрелците, а особено импресивен беше првиот гол во 60 минута кога испрати „проектил“ кој од пречката заврши во мрежата на гостите.

За Барса освен Манај погоди и Коладо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни