Поврзете се со нас

Италија

Невообичаен гледач на „Сан Сиро“ ги подгреа шпекулациите за трансфер во Милан

Објавено

на

Милан вчера обезбеди нова првенствена победа против Венеција, овозможувајќи им уште една посакувана вечер на своите фанови на „Сан Сиро“.

Но, телевизиските камери открија еден навистина интересен гледач на трибините, а тоа е Иван Перишиќ, фудбалерот на градскиот ривал Интер.

Помалку невообичаено, хрватскиот репрезентативец во живо го следеше дуелот на Милан, со што ги подгреа шпекулациите дека е подготвен за трансфер во редовите на големиот ривал.

Интер и Перишиќ не можат да најдат заеднички јазик за нов договор, а актуелниот му истекува на фудбалерот во јуни, па италијанските медиуми тврдат дека е заинтересиран да го носи дресот на Милан.

Свое влијание наводно има и Анте Ребиќ кој го олеснува процесот на преговори меѓу двете страни, а со овој потег Перишиќ би се решил на сличен потег како на Хакан Чалханоглу, кој го замени клубот во Милано, но во спротивна насока.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни