Поврзете се со нас

Балкан

Невиден финиш во Турција: Тимот на Јаховиќ дозволи Газиантеп да израмни, домаќините намерно промашија пенал (Видео)

Објавено

на

Адис Јаховиќ му донесе предност на Гезтепе во самиот финиш на гостувањето кај Газиантеп, но неговиот тим мораше да му дозволи на противникот да израмни без борба поради начинот на кој беше постигнат голот.

Нашиот репрезентативец реализираше во 92. минута, откако гостите шутираа директно по доделена топка од судијата, а таа од гредата се одби до осамениот Јаховиќ.

Во духот на ферплејот, тренерот на Гезтепе побара од неговите фудбалери да дозволат експресно израмнување, па Бразилецот Фигуеиредо го постигна најлесниот гол во кариерата. Сето ова беше направено од гостите во ситуација во која победата им даваше каква таква надеж во битката за опстанок.

Ако тоа беше одличен фер-плеј потег, кулминацијата се случи три минути подоцна откако домаќините добија пенал и можеа да направат целосен пресврт за победа.

На сцена стапи Мухамед Демир, фудбалерот на Газиантеп кој намерно го промаши пеналот и сега очекувано добива честитки за својот потег од глобалната спортска јавност.

– Гезтепе постигна гол, но иако им се закануваше испаѓање од лигата, ни дозволија да постигнеме. Потоа ние добивме пенал. Но, ако тие не ни дозволеа да израмниме, веројатно немаше да се најдеме во ваква ситуација. Според мене немаше да биде убаво да ги испратиме во втора лига со пораз, посебно денеска по фер-плеј потегот кој го направија, јас ја донесов одлуката, но имав поддршка од тимот, – изјавил Демир.

Ремито на крајот значи дека Јаховиќ и Гезтепе нема да обезбедат опстанок и следната сезона ќе се натпреваруваат во втората турска лига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни