Поврзете се со нас

Италија

Неверојатни сцени: Луиз Фелипе го „јавна“ Кореа, па почна да плаче откако доби црвен картон! (Видео)

Објавено

на

Дерби пресметката меѓу Лацио и Интер донесе голема тензија меѓу актерите на двата тима, а се започна со акцијата за 2:1 во 81-та минута кога Андерсон погоди за 2:1 додека Димарко лежеше на земја и се жалеше на повреда.

Играчите на Интер збеснаа бидејќи противникот даде гол додека нивни соиграч беше на тревата и во тој хаос Ирати додели четири жолти картони (Андерсон, Милинковиќ Савиќ, Дамфрис и Лаутаро) , но главниот судија по крајот на дербито, додели и црвен картон.

Причина за тоа беше некоректниот потег на Луиз Фелипе, кој реши по победата на Лацио со конечни 3:1, да го „јавне“ доскорешниот соиграч кој направи голем трансфер во Интер.

Стоперот на Лацио скокна врз Аргентинецот и предизвика бесна реакција од офанзивниот фудбалер, а бидејќи Ирати ова го процени како недолична провокација, му покажа црвен картон на Бразилецот.

Лудите сцени резултираа и со солзи кај Луиз Фелипе кој очигледно немаше никаква лоша намера, но дефинитивно стои фактот дека избра погрешен момент за да се шегува со својот поранешен соиграч.

– Јас, Кореа и Луиз Фелипе сме најдобри пријатели. По мечот, Луиз направи грешка. Јас му порачав да одиме кај Кореа, но наместо да го прегрне, тој скокна врз него. Ја разбирам реакцијата на Кореа, но Луиз не мислеше ништо лошо, – изјави вториот стопер на Лацио, Шпанецот Патрик.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни