Поврзете се со нас

Олимписки игри

Неверојатна кошаркарска драма во Токио: Препелиќ тргна кон олимписко финале, Батум го „залепи“ (Видео)

Објавено

на

Франција и Словенија одиграа неверојатен кошаркарските натпревар во второто полуфинале на Олимписките игри, кој ќе се памети и по драматичната завршница во која подобри излегоа „триколорите“ само поради клучната блокада на Батум.

Словенците го имаа последниот напад за победа и Дончиќ долго ја држеше топката, но на крајот истата заврши во рацете на Препелиќ кој тргна кон олимписко финале со препознатлив влез. Речиси сите кошаркарски фанови ја видоа Словенија во борба за злато со Америка, но не и извонредниот Батум кој го „залепи“ противникот и со рампа спречи шок, а донесе победа за Франција од 90:89.

Ова се случи на две секунди пред крајот, по што стана јасно дека Франција е патник во големото финале во кое ќе игра против „дрим-тимот“ на Америка кој го победи во групната фаза.

Французите беа подобри во второто полувреме и на моменти имаа и плус десет, но во одлучувачките моменти, Словенија се врати и на крајот пропушти златна шанса за борба за најсјајното одличје.

Блокадата на Батум го реши победникот во второто полуфинале, во кое Лука Дончиќ оствари трипл-дабл учинок со 16 поени, 10 скокови и дури 18 асистенции. Лука денеска посебно беше добар околу разигрувањето и Тоби и Препелиќ постигнаа по 23 и 17 поени, но покрај рампата на Батум, до израз дојдоа и Нандо Де Коло и Фурние кои беа најефикасни на паркетот со 25 и 23 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни