Поврзете се со нас

Англија

Неверојатен светски рекорд: Родри не знае за пораз точно една година! (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/SEFutbol

Пеп Гвардиола го посочи Родри како најдобар играч на Манчестер Сити во историската сезона во која беше освоена триплетата, но континуитетот кој го презентира шпанскиот репрезентативец во последната година едноставно поставува нови стандарди во фудбалот.

На денешен ден пред точно една година, Родри го забележа последниот пораз на еден фудбалски меч, а тоа се случи на натпреварот кој Шпанија го загуби од Шкотска со резултат 2:0.

Од 28-ми март 2023-та година, Родри играше во седум натпреварувања како член на Манчестер Сити и шпанската репрезентација и не забележа ниту еден пораз, а во тоа време ги освои титулите во Премиер лигата, Лигата на шампионите, ФА Купот, Суперкупот и УЕФА Лигата на нации.

Во страшната низа која достигна 63 натпревари во вторникот, вреди да се напомене дека Родри еднаш почувствува горчина на пораз во Комјунити Шилд финалето против Арсенал, но бидејќи тој меч беше репен на пенали, службено се води како реми бидејќи немаше победник по 120 минути.

Родри по побдата над Манчестер Јунајтед од 3:1 стана играчот најдолга серија како непоразен во историјата на фудбалот, надминувајќи го Рикардо Кавалјо од Челси кој беше непоразен од ноември 2006-та до февруари 2008-ма година (58 натпревари).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни