Поврзете се со нас

Свет

Неверица и шок: Аргентина остана без светско првенство првпат по четири децении! (Видео)

Објавено

на

Селекцијата на Аргентина е најновата жртва на проектот на ФИБА да се играат квалификациите преку целата година, па така актуелниот светски вицешампион нема да биде дел од најновиот мундијал кој ќе се игра во септември оваа година.

„Гаучосите“ го освоија второто место на последниот најважен собир и веќе подолго време важат за една од најголемите кошаркаски сили во светот, но рано утрово доживеаја неверојатен шок и излегоа како поразени во дуелот кој решаваше се за нив.

Аргентина требаше да оствари и минимална победа против Доминиканска Република за да се најде на мундијалот, но ниту присуството на Кампацо, Лапровитола и Дек не беше доволно да се оствари такво нешто.

Фаворитот испушти предност од 17 разлика и влезе во сериозен пад во последната четвртина, по што на крајот загуби со 75:79 и остана без светско првенство за првпат после четири декади, или поточно 41 година.

Јунак за Домениканците кои чекираа мундијалски билет беше Монтеро кој постигна 22 поени, а се истакнаа и Суеро и Фелис со 13 и 11 поени. Аргентина заврши во квалификациската група на четвртото место и оваа вест се пренесува како сензациона од сите медиуми во светот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни