Поврзете се со нас

Свет

Нема пари за него: Гасол нема да се врати во клубот во кој се промовираше на големата сцена

Објавено

на

Шпанската кошаркарска легенда, Пау Гасол се уште ја нема завршено својата кариера и покрај тоа што има 40 години, односно неговата желба е со настап на ЛОИ во Токио да стави точка на приказната.

ОИ требаше да се одржат летово, меѓутоа поради пандемијата со КОВИД-19 беа одложени за наредната, па Гасол сака да биде фит, подготвен за тој голем настан. Секако за да се случи тоа ќе мора да пронајде клуб, а неговата намера беше да се врати дома и тоа во клубот во кој се промовираше на голената сцена Барселона.

Сепак и покрај информаците не медиумите за новодно договорена соработка до ова нема да дојде и тоа го потврди првиот човек на каталонците, Хосеп Марија Бартомеу кој истакна дека тие едноставно немаат пари за да го ангажираат центарот.

-Тој е личност која многу ни помогна, тој е амбасадор за Барселона и нè претставува во САД. Тој е ѕвезда во НБА и Барса тешко ќе може да му го плати тоа што го бара, -истакна Бартомеу.

Ова значи дека Пау ќе мора, може да дојде до некој договор во НБА што исто така е негова желба, а ако и тоа не успее ќе мора да ги намали барањата и се пресели во средина која ќе му овозможи добро да се подготви за наредната година и настапот на ОИ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни