Поврзете се со нас

Шпанија

Нема крај на проблемите: Зидан остана само со 12 играчи од првиот тим пред дуелот со градскиот ривал

Објавено

на

Реал Мадрид во вторник го игра заостанатиот натпревар од првото коло против градскиот ривал Хетафе, дуел пред кој се знаеше дека Зинедин Зидан ќе има големи проблеми, но истите сега станаа уште поголеми.

Тоа стана јасно откако на денешниот тренинг не се појавиле уште двајца играчи од првиот тим, односно Милитао и Одриозола кои се пожалиле на проблеми по вчерашниот натпревар против Уеска, па за двајцата се претпоставува дека имаа повреди поради кои ќе го пропуштат мечот кој следи за два дена во домашното првенство.

Ова значи дека Зизу ќе има на располагање само 12 играчи од првиот тим за натпреварот на „Ди Стефано“ против малиот градски ривал, па Французинот останува со крајно лимитираната селекција за стартната постава во ситуација кога на тимот не му оди баш најдобро на теренот.

Наспроти променливата форма, Зидан дефинитивно не може да крене глава од повреди, па на листата на повредени се вкупно девет фудбалери, а на располагање му остануваат само 12, од кои двајца се голмани.

Станува збор за Куртоа, Лунин, Начо, Варан, Менди, Марсело, Касемиро, Крос, Асенсио, Винисиус, Бензема и Маријано, со тоа што треба да се напомене дека Крос поради картони нема да може да настапи против Хетафе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни