Лига Европа
Нема германско финале во ЛЕ: Ренџерс го шокираше Лајпциг, втора победа за Ајнтрахт Франкфурт (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ренџерс направија големо изненадување и го елиминираа РБ Лајпциг во полуфиналето на Лигата на Еверопа, односно дојдоа билет за финалето во Севилја во кое ќе ги одмерат силите против Ајнтрахт Франкфурт.
Избраниците на Ван Бронхорст уште еднаш покажаа дека не неверојатно силни, мотивирани кога играа во својот дом на „Ајброкс“, па така вечерва со триумфот од 3-1 дојдоа на еден чекор од пехарот во второто по ранг европско натпреварување.
Таверние и Камара донесоа предност од 2-0 за шкотскиот првак во првото полувреме. Гостите се обидуваа да се вратат во вториот дел и преку Нкунку во 71 намалија на 2-1, резултат кој значеше продолженија со оглед на тоа што бундеслигашот славеше со 1-0 минатата седмица.
Сепак Ренџерс го имаше последниот збор и во 81 минута преку Лундстрам одново дојде до два гола позитива што се покажа како пресудно за триумф вреден европско финале.
Таму ќе се соочат со уште еден германски прволигаш Ајнтрахт Франкурт кој по втор пат беше подобар од Вест Хем, овојпат со 1-0 со голот на Боре во 26 минута.
Битката за пехарот е закажана за 18 мај на „Рамон Санчес Писхуан“.
-
Шпанијапред 6 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Англијапред 10 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Германијапред 8 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 11 часа
Симеоне ја потврди разделбата со Суарез
-
Италијапред 9 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Италијапред 7 часа
Наинголан: Го видовте ли Брозовиќ? Јас тоа да го направев…
-
Италијапред 14 часа
Новиот агент на Погба оди во Торино на финални преговори со Јувентус
-
Шпанијапред 5 часа
Спектакуларниот „џокер“ на Анчелоти: Ќе си го скршам зглобот ако го направам тоа што го направи Модриќ