Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Нејмар ги мотивира соиграчите: Ако треба ќе умрам на теренот за победа над Сити

Објавено

на

Екипата на Пари Сен Жермен славеше над Ленс во домашниот шампионат и сега може максимално да се фокусира на полуфиналната задача против Манчестер Сити во Лигата на шампионите, поточно реваншот на „Итихад“ на кој ќе брка негатива од 2-1.

„Светците“ во претходните рунда славеа гостински победи над Барселона и Баерн Минхен, резултати кои во случајот за нив ќе значат и пласман во финалето ако истите ги повторат во вторник во Манчестер.

Еден од најдобрите играчи на ПСЖ, Нејмар е максимално мотивиран и порача дека ќе направи се што може одново да игра за мечот за пехарот во ЛШ.

-Имавме многу тежок прв натпревар против Манчестер Сити, но мора да веруваме во тоа, без оглед на статистиката или процентот на шанса за победа. Мислам дека секој Парижанец треба да верува во нас! Јас сум во првата линија и ќе бидам првиот воин кој ќе влезе во битка за тимот.

-Ќе го дадам најдоброто од себе за да поминеме понатаму без разлика на цената. Дури и ако треба да умрам на теренот, -вели Нејмар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни