Македонија
Неделковски: Студентите наскоро ќе имаат комплетно реновирани сали и нови терени

Факултетот за физичко образование, спорт и здравје е во фаза на реконструкција на комплетните спортски капацитети во кампусот на факултетот.
Деканот професор д-р Влатко Неделковски, во интервју за „Спортското радио 90.3 фм“ најави дека комплетната реконструкција на четирите сали со кои располага факултетот, заедно со Средното фискултурно училиште и Спортската академија, е во завршна фаза.
„Во овој период од октомври до сега, откако сум на позицијата Декан, успеавме да завршиме добар дел од планираните активности на краток рок. Имаме и дел од плановите на среден и на долг рок кои допрва не очекуваат. На краткорочен план можеме да зборуваме за оплеменување, а некаде и целосно реконструрирање на постоечката инфраструктира. Имаме четири спортски сали, заедно со Средното фискултурно училиште и Спортската академија кои се наши соседи, но и партнери, од каде го влечеме и потенцијалот за новите студенти. Сите овие капацитети се во голем дел веќе реконструирани со помош на Министерството за образование и со сопствени средства и дел средства на ректоратот на УКИМ. Во наредните месеци сите четири сали ќе бидат ставени во функција за студентите и учениците. Поставени се нови подлоги, ново осветлување, нови соблекувални, нови кровови, нови фасади, така што во овој краткорочен период овие постоечки инфраструктирни капацитети ќе бидат комплетно завршени и ставени на располагање“, вели Деканот на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, Неделковски, во интервјуто за „Спортско радио 90.3 фм“.
Toj најави дека наскоро ќе се заврши и реконструкцијата на дел од отворените терени.
Комплетното интервју можете да го проследите на следниот линк или преку платформата на Soundcloud.
-
НБА13 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Италија9 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
Шпанија7 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
НБА13 часа
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
Шпанија10 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
Шпанија14 часа
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..
-
АТП7 часа
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот
-
Англија15 часа
Амад испрати порака до фановите на Јунајтед по разочарувачката вест (Фото)