Поврзете се со нас

Англија

Не е само Виера: Повозрасна госпоѓа удри играч на Кристал Палас (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Everton

Патрик Виера се најде во фокусот на цела англиска јавност и предизвика различни коментари за својата постапка, откако менаџерот на Кристал Палас одговори на провокацијата на фан на Евертон.

Легендарниот Французин возврати со удар и буквално го шутна навивачот на Евертон кој го провоцираше со погрдни зборови и му покажуваше среден прст, но додека сите се преокупираа со овој инцидент, се заборави на една необична ситуација од судиското надополнување.

Навивачите на Евертон синоќа беа навистина нетрпеливи да го дочекаа последниот судиски свиреж откако тимот направи пресврт и поведе со 3:2, а Деле Али знаеше како да се погрижи да го задржи времето.

Играчот за врска влезе во една конфронтација со Андерсен, но на изненадување, доби неочекувана поддршка од зад трибината.

Една повозрасна госпоѓа со „сочни“ зборови го поздрави играчот на Кристал Палас, а во продолжение и го удри пред овој да ја фрли топката до својот соиграч.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни