Поврзете се со нас

Репрезентација

Не доби дозвола: Тодоров нема да може да смета на Јакимовски за битките во Перм

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација и селекторот Александар Тодоров нема да можат да сметаат на услугите на Андреј Јакимовски февруарските квалификации за пласман на Европското првенство.

„Црвено-жолтите“ од 18. до 22. февруари ги очекува турнирот во Перм каде ќе се соочиме двапати со Италија, домаќинот Русија и Естонија. Јакимовски нема да биде во комбинација, а причината за тоа е што неговиот универзитет Вашингтон Стејт не даде зеленос светло за тоа.

-Добивме и официјална писмена потврда од Универзитетот Вашингтон Стејт со која нè информираат дека Андреј Јакимовски не може да биде ослободен од обврските во тој временски период. Го прифативме тоа, ќе играме без сите кои ќе ги немаме на располагање, -вели спортскиот директор на нашиот национален тим, Тодор Гечевски.

Кога се во прашање останатите наши интернационалци вреди да се напомене дека Ненад Димитријевиќ и Стојан Ѓуроски ќе го пропуштат првиот дел од подготовките поради клупски обврски со Хувентуд, односно Аликанте.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни