Конференциска лига
Навивачите на Вест Хем му ја дупнаа главата на Бираги и го прекинаа финалето во Прага (Видео)

Првото полувреме од големото финале во Конференциската лига го донесе најголемото возбудување во самата завршница, но голот на Лука Јовиќ беше поништен поради минимален офсајд.
Србинот немаше среќа и за влакно беше пред последниот дефанзивец во одбраната на Вест Хем, а тоа значеше дека двата тима заминуваат на пауза со почетните 0:0.
Реално гледано, Фиорентина беше поактивен тим во воведот и беше поблиску до противничкиот гол во првите 45 минути, но тоа направи да видиме и една непријатна сцена во 33-та минута.
Големото финале беше во прекин неколку минути, а причина за тоа беше ударот со предмет кој го доби членот на италијанскиот тим, Кристијано Бираги.
Дефанзивецот на Фиорентина се приближи до аголот за да изведе корнер, но во тој момент беше „нападнат“ од англиските навивачи кои го погодија во глава и го раскрвареа.
Бираги мораше да добие завој на главата и неколку конци, но добра вест е што продолжи да го игра мечот.
West Ham United fans have thrown things at Biraghi towards the corner flag 😳 pic.twitter.com/SkktpKbhnJ
— PurelyFootball ℗ (@PurelyFootball) June 7, 2023
-
Англијапред 22 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 21 час
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Балканпред 9 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Англијапред 22 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
НБАпред 22 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Англијапред 24 часа
Клоп воодушевен од летното засилување кое продолжи да блеска: Уште од првата минута импресионира со својот пристап (Видео)
-
Шпанијапред 20 часа
Барселона обвинета за корупција, двајца претседатели завршија на суд
-
Шпанијапред 18 часа
Анти-фудбалот донесе неверојатна тензија во Билбао, Ињаки влезе во жесток клинч со противничкиот тренер (Видео)