Поврзете се со нас

Италија

Наполи може да остане без Осимен: Се може да се случи, знам за…

Објавено

на

Виктор Осимен важи за еден од напаѓачите кои допрва треба да блеснат на големата сцена иако веќе има квалитетни партии во дресот на Наполи.

Нигериецот има само 23 години и може дополнително да напредува, созрева и биде еден од најдобритете играчи на светот на својата позиција. Тоа го знаат доста клубови од Топ 5 лигите во Европа и постои можност да се обидат да го „украдат“ од калчолигашот во овој преоден рок.

Премиерлигашот Арсенал е еден од тимовите кој е најзагреан со оглед на тоа што останаа без Лаказет и Обамејанг, а Нкетија се уште ја нема продолжена соработката што го става составот од северен Лондон во позиција да мора да бара голгетер во овој летен преоден рок.

Има и други клубови од Англија, Шпанија кои го меркаат Осимен кој самиот додаде масло на огнот со последна изјава со која не ја отврди верноста кон Наполи иако има договор до 2025 година.

-Не знам ништо за мојата иднина, знам дека се може да се случи, но сега сакам само да одам на одмор со моето семејство, да ја расчистам главата и да ги наполнам батериите. Потоа ќе се погрижиме за останатото.

-Знам дека има многу гласини дека ме сакаат во Шпанија или во Англија, но мислам дека не е вистинско време да зборувам за тоа сега кога сум со националниот тим, -рече соиграчот на Елиф Елмас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни