Поврзете се со нас

Свет

Напаѓачот на Гибралтар шокиран од Халанд: Има пари да купи се што сака, но класата не се купува!

Објавено

на

Ерлинг Халанд не постигна ниту еден гол против Гибралтар на првиот натпрвар кој го одиграа овие две селецкии на почетокот на мундо-квалификациите, но затоа на мечот кој се одигра пред десетина дена, ѕвездата на Борусија Дортмунд постигна хет-трик.

Норвешка со 5:1 славеше на домашен терен и Халанд беше во прв план со постинатите три гола на средбата, по која играчите од Гибралтар немаат воопшто добро мислење за младиот центарфорд кој демонстрирал страшно лоша ароганција според сведоштвата на фудбалерите од оваа нискорангирана селекција.

Капитенот Рој Чиполина го побарал дресот на Халад за неговиот син кој ужива во изданијата на норвешката ѕвезда, по што младиот голгетер само се насмевнал и го свртел грбот.

– По крајот на натпреварот, Рој како наш капитен и Ерлинг ги завршија своите обврскио кон телевизиите, по што Чиполина му откри дека неговиот син е заљубен во настапите кои тој ги има. Го праша дали ќе сака да си ги разменат дресовите. Халанд само се насмевна, го сврте грбот и си отиде.

– Имаше шанса да му го разубави денот, цела година на едно мало детенце, а тој кажа не. Може да купи многу работи со парите кои ги заработува, но не може да ја купи класата. Претераните пофалби кои ги добива од медиумите очигледно прават да биде арогантен , -открива напаѓачот на Гибралтар Рис Стич во интервјуто за „Сан“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни