Поврзете се со нас

Македонија

Напаѓачот Ѓокиќ е најново засилување за Брегалница

Објавено

на

Милан Ѓокиќ е најновото име во редовите на повратникот во македонската фудбалска конкуренција, составот на Брегалница.

Ѓокиќ е напаѓач кој во Штип доаѓа од редовите на Бачка Топала. Ова за него е прв интернационален предизвик во кариерата, а досега во Србија освен за споменатата Бачка Топола има настапувано за Златибор и Спартак Суботица.

Претходно Брегалница ги обезбеди и потписите на Иван Минчев, Бобан Георгиев, стоперот Даниел Мојсов, повратникот Стефан Коцев и Хрватот Антонио Азиновиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни