Поврзете се со нас

Свет

Најпознатиот соиграч на Алиоски си замина од Ал-Ахли

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски сезонава го носи дресот на Ал-Ахли во Саудиска Арабија, а неговиот тим остана без најзвучното име во ростерот.

Се работи за Бразилецот Паулињо, кој изненадувачки заминува од Ал-Ахли иако потпиша за оваа екипа на 22. јули годинава.

Тој период беше доволен за само четири настапи на Паулињо во дресот на составот од Џеда, за сега познатото фудбалско име да побара раскинување на договорот.

Во мистериозното соопштение на Ал-Ахли, се наведува дека договорот со Паулињо е раскинат поради „вонредни околности“, па фудбалерот повторно ќе бара нова средина.

Претходно, Паулињо настапуваше за клубови како Тотенхем и Барселона, а голем дел од кариерата помина и во редовите на Гуангжу Евергранде.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни