Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Најкритикуваниот играч на Ливерпул: Јас излегувам на теренот и одговарам со перформанси

Објавено

на

Трент Александер Арнолд се соочува со нависитна турбулентен период од стартот на сезоната, бидејќи на критиките за неговите слаби изданија во одбрана, се надоврза и одлуката на селекторот Саутгејт да го отстрани од тимот на последниот меч за Англија.

Овој потег на селекторот дополнително го зголеми притисокот врз младиот десен бек и Јирген Клоп одлучи јавно да делува заштитнички врз него, што резултираше со негов добар настап против Ренџерс во Лигата на шампиони.

Арнолд постигна импресивен гол од слободен удар и имаше мирна вечер на дефанзивен план, па новинарите побараа одговори од него по крајот на натпреварот, а тој доби шанса да им одговори на критичарите.

– Луѓето кажуваат многу работи, можат да велат што сакаат, но јас излегувам на теренот и одговорам со перформанси за тимот. Вистина е, имам бавен старт на сезоната, но со нетрпение го чекам расплетот на оваа сезона.

– Обично не шутирам од оваа страна, обично давам голови од спротивната страна при слободни удари, но во вакви ситуации, најважно е да го погодите голот. Јас се фокусирав на тоа и ми успеа, – додаде Арнолд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни