Поврзете се со нас

Лига Европа

Најголемиот киксер во Германија си постигна бизарен автогол и во Лига Европа (Видео)

Објавено

на

Лукаш Храдецки повремено знае да изненади со некоја страшна одбрана и поради тоа е прв голман на Баер Леверкузен, но чуварот на мрежата на „фармацевтите“ веќе некое време важи за најголем киксер во германскиот фудбал.

Таквиот епитет го потврди и оваа вечер во Лига Европа, бидејќи од една едноставна направи крајно комплицирана ситуација и на крајот беше казнет.

Храдецки си даде бизарен автогол во бараж натпреварот против Монако во Лигата на Европа кој се играа оваа вечер, со што ја продолжи низата на неверојатни автоголови кои си ги дава во својата мрежа.

Од оваа сезона, најсвеж е киксот кој го имаше со Томас Милер на почетокот на кампањата, но дефинитивно најголемиот кикс го имаше во 2020-та година кога си го постигна автоголот на сезоната.

Во продолжение, потсетете се на некои од неговите неодамнешни грешки…..

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни