Поврзете се со нас

Европски првенства

Најголема сензација во досегашниот тек на ЕП: Храбрите „Фарани“ освоија бод против Норвешка!

Објавено

на

Ракометарите од Фарски Острови се вистинска сензација на годинешното издание на Европското првенство, турнир кој е историски за оваа селекција во секоја смисла.

Популарните „Фарани“ за првпат во историјата обезбедија пласман на еден континентален собир, а откако на премиерниот меч ја намачија Словенија, денеска покажаа дека тоа не било случајно.

Играчите од Фарски Острови денеска играа против уште подобар ривал, но моќната селекција на Норвешка прокоцка победа и на крајот освои само бод во дуелот со аутсајдерот.

Норвежаните се мачеа да го скршат отпорот во текот на цел меч и навистина имаа мног проблеми, но кога се чинеше дека ги решија истите, самите ја фрлија победата во вода.

Фаворитите прокоцкаа два гола предност во последните 30-тина секунди, период во кој „Фараните“ постигнаа два гола за конечни 26:26.

Ова е убедливо најголемото изненадување на Европското првенство, а по овој резултат Норвешка ќе мора да бара заверка за следната фаза во мечот со Словенија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни