Поврзете се со нас

Македонија

Најавената замена за Скубе сепак пристигнува во Скопје: Не може да се одбие европскиот шампион!

Објавено

на

ППД Загреб се обиде да прави опструкции и да го отежни трансферот на Анте Гаџа во редовите на Вардар, но сепак волјата на самиот играч на крајот пресуди и најави дека пристигнува во Скопје.

Во разговор за угледниот хрватски медиум „24 сата“, средниот бек откри дека добил зелено светло од управата на Загреб за премин во Скопје, откривајќи дека со актуелниот европски првак потпишал двегодишен договор.

Новиот план на Вардар кој ветува далеку постабилна финансиска ситуација почна да привлекува многу ракометари, па сега Анте и дефинитивно ќе биде директна замена за фантастичниот Сташ Скубе.

– По заминувањето на Сташ Скубе, Вардар бараше играч на мојата позиција. Му се јавија на мојот менаџер и тој ме праша дали би сакал да одам таму. Секако дека ДА. Вардар е европски шампион и тоа е голем чекор напред во мојата кариера, не може да се одбие тоа. Се надевам дека Вардар ќе биде оној стариот. Многу играчи останаа и ги продолжија договорите, се надевам на успешна сезона и дека ќе ги исполниме целите на новиот газда, – вели Гаџа кој додава дека се разделил од Загреб во пријателски услови.

– Со Загреб се разделив во одлични односи. Ја разбраа мојата одлука и ми посакаа среќа, – кратко прокоментира Анте.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни