Поврзете се со нас

АТП

Надал загуби сет, но победнички ја стартуваше одбраната на титулата во Мелбурн (ВИДЕО)

Објавено

на

Најдобриот шпански тенисер, Рафаел Надал успешно го започна настапот на Австралија Опен, турнир на кој е бранител на трофејот.

Надал за ривал во првата рунда го имаше талентираниот Џек Дрејпер чиј отпор го скрши по скоро четири часа игра на арената „Род Лејвер“. Фаворитот го доби првиот сет со 7-5 и тоа откако му го одзема сервисот на противникот во 12 гејм, но Британецот потоа блесна и наредниот го реализираше со 6-1 за 1-1.

Ова значеше дека 22-кратниот грен слем шампион ќе мора да го крене нивото на игра, па тоа и го направи и в наредните два сета му препушти само пет гејма на Дрејпер за 6-4 и 6-1, поточно конечни 3-1 и меч со Мекензи Мекдоналд во наредната фаза.

Мекдоналд по една голема битка славеше во дуелот со сонародникот Брендон Накашима со 3-2 во сетови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни