Поврзете се со нас

АТП

Надал во невидено издание: Снимен во бар како „меша“ со колкови (Видео)

Објавено

на

Рафаел Надал не го криеше огромното разочарување поради фактот што мораше поради повреда да се повлече пред полуфиналето на Вимблдон, но истовремено самиот најави дека за неколку дена ќе се чувствува многу поразлично.

Шпанецот не сакаше да ризикува посериозна повреда и реши да се повлече по скинатиот мускул во абдоменот, но неполна седмица по непосакуваниот крај на Вимблдон, Рафа е уловен во добро расположение.

Всушност, видеото кое кружи на социјалните мрежи го прикажува Надал во најопуштено и невидено издание, бидејќи во еден шпански бар, рекордерот по освоени грен слем титули е уловен како меша со колкови.

Видеото е навистина популарно и стана вирален хит, особено поради тоа што Рафа важи за еден од најсрамежливите тенисери во светот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни