Поврзете се со нас

АТП

Надал му одговори на Циципас: Тоа е глупост…

Објавено

на

Рафаел Надал се врати на терените и ја мина првата пречка на турнирот во Барселона во името на Флавио Коболи кого го доби со 6-2 и 6-3 во сетови.

Ова за Рафа беше прв официјален меч по оние во Бризбејн на почетокот на годината, па останува да се види како ќе реагира неговото тело и дали ќе може да одговори на посериозни предизвици како што е оној против Алекс Де Минор од Австралија.

И самиот Надал не знае што да очекува, па во склоп на целата ситуација тој ги отфрли тврдењата, ставовите на Стефанос Циципас дека е фаворит за пехарот во Барселона.

Надал за својот следен противник: Моето тело е како џунгла, не знам дали ќе можам да го следам неговиот ритам

-Тоа е глупост, да се разбереме, тој знае дека не е така. Претпоставувам дека има многу почит за тоа што го направив на овој турнир, но сите знаат дека повеќе не сум фаворит за освојување на титулата. Можеби бев фаворит на денешниот натпревар, но не ми беше грижа. Знам дека не сум фаворит против Де Минор, но и тоа не е важно. Ова се работи за вас, мора да пишувате за овие работи. Ме чека тест против врвен играч, ќе видиме како ќе одговорам, -порача Шпанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни