Поврзете се со нас

АТП

Надал за својот следен противник: Моето тело е како џунгла, не знам дали ќе можам да го следам неговиот ритам

Објавено

на

Foto:twitter.com/bcnopenbs

Рафаел Надал имаше посакуван старт во Барселона и победи на земја по пауза од речиси две години, откако ова попладне во два сета најде решение за Флавио Коболи.

Шпанскиот тенисер не мораше да го пронајде најдобриот тенис за да се пласира во втората рунда, но веќе во раната фаза ќе има многу сериозен предизвик, бидејќи ќе игра против 11-от играч на АТП листата.

Алекс Де Минор важи за еден од најдобро подготвените играчи на АТП турот, па Надал е свесен дека ќе има доста потежок испит од оној кој го имаше денеска.

– Ова беше добар старт за мене. После месеци во кои бев надвор од терените, не може да ги оттргнете сите сомнежи во само еден ден. Тука особено мислам на физичкиот дел. Коболи денеска направи многу грешки, а јас одиграв онолку колку што требаше, го контролирав тоа што можев.

– Неколку месеци не можев да сервирам како што треба и сега немој да очекувате од мене да сервирам како лудак. Ќе бидам претпазлив на сервис, ќе има моменти кога ќе бидам поопуштен, но ќе има и моменти кога ќе сум постегнат. Не знам што да очекувам од вториот меч. Тешко е да се прави било каква прогноза, моето тело во моментов е како џунгла, никогаш не знаете на што ќе налетате. Не знам дали ќе можам да го следам неговиот ритам, но ќе се обидам да го направам тоа, – изјави Надал.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни