АТП
Надал: Ми пречи само едно нешто во односот кој го имаме со Федерер

Рожер Федерер оваа година става крај на една неверојатна серија, односно за првпат нема да настапи на Вимблдон по пауза од 23 години.
Федерер како јуниор првпат настапил на отвореното тениски првенство во 98-ма година и немаше испуштено ниту едно издание, се до ова 135-то во историјата на кое нема да настапи поради рехабилитацијата на коленото која се уште е во тек.
Швајцарецот како осумкратен освојувач на Вимблдон ќе им недостасува на новинарите и на искрените тениски фанови во Лондон, па поради тоа, Надал доби прашање на оваа тема на пресот кој го имаше пред својот настап во Ол Ингланд клубот.
– Јас и Рожер поделивме толку многу неверојатни моменти. Се притискавме еден со друг и навистина тешко е да се мисли за тениската историја во изминатите 20 години без нашето ривалство.
– Се сретнавме на секој голем настан, на секој голем терен, освен на еден. Се немаме сретнато на Ју-Ес Опен во Њујорк и тоа е единственото што ми пречи во односот кој го имаме со Федерер. На останатите турнири, го делевме теренот, делевме големи успеси и се притискавме еден со друг. Поради тоа, нашиот однос е многу позитивен, многу пријателски и никогаш не сме имале проблем на теренот и надвор од него, – изјави Надал.
bothers
-
Пливањепред 23 часа
Романски тинејџер го собори светскиот рекорд на 100 метри слободен стил
-
Англијапред 24 часа
Голманот на КПР донесе голем бод со гол во последните секунди (Видео)
-
Шпанијапред 10 часа
Алаба влезе во игра и со првиот допир со топката изведе ремек-дело (Видео)
-
Светпред 21 час
Роке, Роке, Роке: Санта Круз е мајстор и на 40 години (Видео)
-
Репрезентацијапред 15 часа
Голем успех за момците на Стојановиќ: Кадетите го освоија ЕХФ шампионатот во Рига
-
Англијапред 14 часа
Кејн го замолкна „Стемфорд Бриџ“ во 96. минута, Конте и Тухел режираа срам за Премиер лигата (Видео)
-
Англијапред 16 часа
Јунајтед ќе му го раскине договорот на Роналдо ако не си го промени односот! (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Рио Фердинанд за колапсот на Јунајтед: Веќе не можам да ги тролам ни фановите на Арсенал