Поврзете се со нас

Англија

На повидок искри на „Олд Трафорд“: Солскјер ќе му забрани на Бруно Фернандеш да игра за Португалија, тој настојува…

Објавено

на

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер истакна дека нема да дозволи неговите фудбалери да патуваат на репрезентативни обврски доколку по враќањето мора да се изолираат десет дена.

Таков е случајот со Бруно Фернандеш кој инсистира да игра за својата репрезентација, но Португалија е на „црвната листа“ во Велика Британија што значи дека по враќањето од оваа земја фудбалерот ќе мора да се изолира десет дена.

ФИФА им дозволи на клубовите да им забранат на своите играчи да патуваат на репрезентативните обврски, па речиси сите големи тимови од Премиер лигата ќе го сторат тоа со што сигурно ќе го навлечат гневот на своите играчи.

– Засега немаме седнато и немаме одлучено за тоа, но нема смисла да се изгуби играч на десет дена. Ние сме тие кои ги плаќаме фудбалерите  и од она што го знам, ФИФА даде препораки дека не мора играчите задолжително да одат.Сакам Бруно да биде подготвен за Брајтон и се надевам дека ќе поминеме и во Европа, па ќе го сакам и за тие натпревари, како и за средбата со Тотенхем по паузата, -изјави Солскјер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни