Македонија
МЗТ со серија од 11:0 го скрши отпорот на Работнички и поведе во полуфиналната серија

Работнички победи на теренот кај Гостивар на кој никој немаше победено цела сезона и закажа полуфинална серија со МЗТ Скопје, па иако вечерва беше во игра за нова гостинска победа против шампионот, сепак потеклекна во последниот период.
Тимот од Аеродром покажа шампионски квалитет во најважните моменти и направи разлика кога преостанаа осум минути до крајот, односно кога Работнички дојде на само минус еден.
При резултат 58:57, навистина не се знаеше во кој смер ќе тргне натпреварот, но многу работи станаа појасни откако МЗТ направи серија од 11:0 и зададе клучен удар за победа и водство од 1:0.
Аеродромци комплетно го завторија својот рекет во тие три минути и максимално профитираа во офанзива, па предноста од 69:57 се покажа како недостижна за тимот од Градски парк.
На крајот, натпреварот заврши со резултат 82:71 и така МЗТ поведе со 1:0 пред вториот натпревар кој е закажан за 17-ти мај, а на кој домаќин ќе биде Работнички.
Дамјан Стојановски со 14 поени беше најдобар поентер кај МЗТ, Кук и Вер уфрлија по 13, а еден помалку имаше Војдан Стојановски. Во противничкиот табор, Џелетовиќ постигна 19 поени, а Малешевиќ и Нотиџ по 16.
-
Шпанијапред 14 часа
Анчелоти со комплименти за Родриго: Тој е наш најдобар играч по СП
-
Италијапред 14 часа
Три ѕвезди на Јувентус денес ќе се збогуваат со фановите, важен играч на Алегри го пропушта дербито
-
Англијапред 17 часа
Фердинанд нема дилеми: Јунајтед има поуспешна сезона од Арсенал
-
Германијапред 15 часа
Салихамиџиќ по отказот од Баерн: Многу сум емотивен, ситуацијата не е лесна…
-
Англијапред 12 часа
Џака се „збогуваше“ со Арсенал во пресрет на последното коло
-
Шпанијапред 10 часа
Барселона договорила засилување од Вулверхемптон
-
Францијапред 18 часа
Мбапе „нокаутираше“ девојка со топка, па со убав гест покажа дека е џентлмен (ВИДЕО)
-
Англијапред 8 часа
„Бомбата“ на Дукуре му донесе опстанок на Евертон, Лестер и Лидс се нови второлигаши (Видео)